Top Sport

Ван Нистелрој: Роналдо е голгетер, а Меси како да излегол од Плејстејшн

Кристијано Роналдо и Лионел Меси обележаа една ера во светскиот фудбал, на врвот се и доминираат во изминатите 15 години, поради што вечна е дебатата кој од нив двајца е подобар играч.

Јасно е дека мислењата се поделени, свои фанови имаат и Португалецот и Аргентинецот. Рд ван Нистелрој се вклучи во оваа дебата и не се сомнева дека Меси бил играч на едно друго ниво од сите останати, не само од Роналдо.

„Не постои фудбалер што е на истото ниво со Меси. Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Садио Мане, Еден Азар и Килијан Мбапе се одлични. Сепак, Меси е се ова во еден играч. Тој како да е излезен од Плејстејшн“, рекол Ван Нистелрој.

Scroll to Top