Top Sport

Ван Перси остро кон Солскјер: Ова не е време за смеење!

Поранешниот холандски фудбалер, Робин Ван Перси своевремено настапуваше за Манчестер Јунјатед, под водство на Сер Алекс Фергусон, па добро знае како е тренер да се налути на играч. Сепак, се чини, актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер тоа не го чини доволно често, така барем вели Ван Перси.

Холанѓанецот како стручен консултант го коментираше мечот меѓу Арсенал и Јунајтед, два клуба во кои со успех настапуваше. Тој за Солскјер вели дека е „премногу фин“.

„Гледам дека Оле се смее. Ова не е време за смеење. Оле ми се чини како навистина добар тип, но би требало почесто да се лути, и тоа силно. На неговата екипа не и е потребен само план за игра, кој очигледно го нема, туку и страв од тренерот. Гледајќи како играчите на Јунајтед играат, јасно е дека не се плашат од Солскјер“ – вели Ван Перси.

Холанѓанецот кој беше најдобар стрелец во Премиерлигата и во дресот на „топчиите“, но и кај „ѓаволите“ нема проблем да критикува.

Scroll to Top