Најпознатиот фудбалер од Костарика, Пауло Ванчоп ги откри деталите за „лудиот“ Паоло ди Канио и неговите ритуали на старто на секој меч.
41-годишниот Ванчоп играше со Ди Канио во Вест Хем во 1999 и 2000 година, и признава дека контроверзниот Италијанец направил голем впечаток.
„Страствен, луд… Пред секој натпревар беше многу сериозен и луд. Седеше во соблекувалната пред натпреварите и зборуваше со своите нозе. Беше во зоната, се концентрираше и им велеше на нозете дека треба да бидат подготвени, дека треба да направат тоа и тоа. Бев на клупата кога го постигна волеј-голот со Вимблдон. Не бев изненаден, бидејќи на тренинг постојано правеше такви работи“, вели Ванчоп.
Ванчоп пристигна во Англија во 1997 година со тимот на Дерби Каунти, и во деби сезоната го постигна својот најдобар гол, соло-пробив против неколку играчи на Манчестер јунајтед. Потоа тој играше за Вест Хем и Манчестер сити, пред да замине во шпанската Малага во 2004, а потоа играше и во Катар, Аргентина, Јапонија и САД. Во 2015 година накратко беше селектор на репрезентацијата на Костарика.