Ванда Нара застана во одбрана на ликот и делото на својот сопруг Мауро Икарди, кој буквално беше избркан од Интер, откако во текот на минатата сезона имаше неколку конфликтни ситуации со клупските челници и навивачите.
Во познатата италијанска емисија „Тики Така“ навивачиот на Интер Џакомо Валенти жестокот го критикувал Икарди со сборовите дека Интер во Лукаку имал напаѓач што се жртвувал за тимот.
„Конечно имаме вистинска деветка, човек што постигнува голови и е лидер на теренот“, рекол Валенти.
Менаџерката на Икарди, неговата сопруга Ванда Нара, веднаш се огласила со коментар.
„Го видовме во важните натпревари, на пример во Лигата на шампионите. Не постигна гол па сега нокаут-фазата ќе ја гледа на телевизија. Неговиот претходник во Интер постигна 150 голови“, рекла Аргентинката алудирајќи на својот сопруг, а потоа имала уште еден коментар за Валенте.
„Јас сум навивач на Интер, на клубот му посакувам се најдобро. Сепак никогаш нема да дозволам вака да се зборува за поранешниот напаѓач кој постигнал толку многу голови…“.
Интер го испратија Икарди на позајмица во ПСЖ во финишот на летниот преоден. Икарди во новиот клуб игра во одлична форма, поради што челниците на ПСЖ имаат намера во јануари за 70 милиони евра целосно да го откупат неговиот договор.