Ја нарекуваат наследничка на Ванда Нара (сопругата на Мауро Икарди кој од Интер премина во ПСЖ), Серија А и „Џузепе Меаца“ остана без сексипилната Нара, но затоа Интер доби нова „бомба“ – згодната Агустина Гандолфо, девојката на аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез.
Помирно ќе биде сега во Управата на Интер, Ванда нема да води жолчни расправи со челниците на „нероазурите“, па нејзиното место ќе го заземе манекенката и инфлуенсерка која му стана девојка на Лаутаро откако ги спои токму менаџерката на Икарди.
Поради љубовта, Агустина го остави факултетот, па од Аргентина се пресели во Италија за да биде покрај саканиот.
Поради провокативните фотки на Инстаграм, на социјалната мрежа ја следат близу 400.000 корисници.
Погледнете ја: