Top Sport

Ванда Нара: Доста ме прашувате за Икарди, прашајте го него

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара вели дека е доста со шпекулациите околу нејзиниот сопруг, порачувајќи им на италијанските медиуми да го прашаат него каде ќе игра следната сезона.

Икарди е на позајмица во Пари Сен-Жермен оваа сезона, но останува фудбалер на Интер, и шпекулациите дека „светците“ ќе му понудат постојан договор бргу беа демантирани. Нара со нејзиниот син се појави на Инстаграм каде што одговараше на прашања и беше налутена од многуте прашања за Икарди.

„Мауро дојди ваму, Мауро оди таму… Доста со фудбалски прашања за Икарди. Мауро има профил на Инстаграм, можете директно да го прашате за иднината. Колку прашања за Икарди, мама миа!“, кажа Нара.

Последните шпекулации го поврзуваат 26-годишниот напаѓач со Атлетико Мадрид и Јувентус.

Scroll to Top