Top Sport

Ванда Нара: Никогаш нема да сум со маж поради неговите пари

Ванда Нара, сопругата и агентот на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди проговори за наводната афера на Икарди со аргентинската актерка Еугенија „Ла Чина“ Суарез, и посочи дека никогаш нема да биде со маж поради неговите пари.

Нара, која претходно беше во брак со поранешниот соиграч на Икарди во Сампдорија, макси Лопез откри што направила по скандалот со аферата на Икарди.

„Прво нешто што ми помина низ умот беше лутина, и само лутина, така што го објавив тоа на Инстаграм. Потоа и се јавив и се извинив што го користев тој збор, кучка. Бевме со децата на јавање коњи, и една од девојките побара фотографија, и знаев дека има на телефонот на Мауро, а кога го отворив видов разговор со многу славна жена“, открива Нара.

Таа додава дека нејзината врска не била „отворена“ и дека ваква порака е причина за развод.

„Веќе видов и други работи за Мауро, но тие не беа вистинити. Се колнам во животите а нашите пет деца, никогаш не сме имале проблем со жени. Кога ја видов пораката, збеснав, го поставив тоа на Инстаграм и си заминав во Италија со првиот лет. Мауро ми кажа дека се сретнал со неа, но дека ништо не се случило. Никогаш нема да бидам со маж поради неговите пари, и тоа треба да им е јасно на сите“, додава Нара.

Scroll to Top