Мауро Икарди толку добро се вклопи во Пари Сен-Жермен, што одбива да има секс со сопругата (која му е и агент), Ванда Нара кога ПСЖ ќе загубат. За среќа, ПСЖ не губи толку често во француската Лига 1, каде што се први со 14 победи во првите 17 кола, а Икарди има 13 гола во 16 настапи за францускиот гигант.
Нара во интервју со италијанскиот магазин „Ла република деле доне“ открива детали за нејзиниот живот со Икарди, кој, конечно, замина од Интер за ПСЖ (како позајмен фудбалер) во текот на летото. Таа беше запрашана за „тактиката“ на Антонио Конте, кој им даваше совети на фудбалерите на Интер, како и кога да имаат секс.
„Не знам што да кажам. Би требало да проба пред меч, но Мауро е многу професионален и не прави ништо пред мечевите. Само по меч, и тоа ако поминал добро. Ако загубат на пример, тој не сака воопшто да ме погледне“, вели Нара.
Таа исто така се наврати на контроверзите од минатото – Нара беше девојка на блискиот пријател на Икарди, Макси Лопез, кога ја почнаа врската во 2013.
„Го напуштив Макси Лопез и се вратив во Аргентина. Потоа почна врската со Мауро. Имав три деца и не беше лесно да се вратам дома и да почнам од почеток. Но, со Мауро, кој е помлад од мене, ми беше полесно. На крајот, тоа не беше само избор за мене, туку и за моите деца, кој тој ги сакаше“, открива Нара.