Top Sport

Ванда заврши во солзи по елиминацијата на Интер (галерија)

Елиминацијата на Интер од Лигата на шампионите беше шок за сите навивачи на „нераѕурите“, кои требаа само рутински да го совладаат отпишаниот ПСВ Ајндховен на својот стадион.

Поразот очигледно, многу лошо и падна и на сопругата на капитенот на клубот, Мауро Икарди, Ванда Нара, која по крајот на мечот беше во солзи.

Нејзиниот сопруг даде гол за 1:1 во 75. минута, но тоа не беше доволно за да се оди понатаму, откако Тотенхем успеа да израмни на 1:1 против Барселона и така да го елиминира италијанскиот клуб, кој се врати во ЛШ по подолга пауза.

Scroll to Top