Поранешниот холандски репрезентативец, Џон Вант Шип си даде оставка од позицијата селектор на Грција откако репрезентацијата имаше катастрофални квалификации за Светското првенство во Катар во 2022.
58-годишниот поранешен фудбалер на Ајакс, Вант Шип потврди дека си заминува пред крајот на неговиот договор на 31 декември, откако иако ја подмлади грчката репрезентација, резултатите изостанаа.
Грција последен пат се квалификуваше на голем турнир на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Вант Шип, кој дојде на позицијата во август 2019, го одведе тимот на третото место во квалификациската група зад Шпанија и Шведска со само две победи во 8 меча.
„Создадовме тимски дух и требаше да се фокусираме на првиот приоритет, репрезентацијата и фудбалот. Но, нашата фудбалска визија беше различна и не се поклопуваше“, изјави Вант Шип.