Златан Ибрахимовиќ повторно имаше свое „шоу“ во МЛС лигата, откако 37-годишниот Швеѓанец ја нападна ВАР-одлуката при 2:1 победата на Лос Анџелес галакси над Хјустон дајнамо.
Ибрахимовиќ постигна гол од пенал во првото полувреме, пред Алберт Елис да израмни исто така со гол од пенал по ВАР одлука. Диего Полента во финишот донесе победа за Галакси, но Златан не беше задоволен.
„Последен пат кога зборувавме за ВАР беше јасно – судијата може да направи грешка, но човекот горе или каде и да е со снимките треба да ја поправи. Јасно се гледаше дека е офсајд. Не сакам да се жалам, но изгледа тој горе пиеше кафе и не сфати што се случува. Судијата не отиде ниту да ја види снеимката. Не знам дали работи егото, но тоа мора да се поправи“, вели Ибрахимовиќ.
Запрашан дали стравува дека може да биде казнет поради забелешката, тој даде оригинален одговор.
„Не сакам да бидам премногу критичен, бидејќи МЛС ќе ме казни, но јас сум МЛС, така што не се грижам“, вели Златан.
Another win at the @dignityhealthsp fortress. #LAvHOU pic.twitter.com/Av1FoeyG7c
— LA Galaxy (@LAGalaxy) April 20, 2019