Фудбалерите на Фиорентина со минимален резултат го победија Удинезе во рамките на седмото коло во Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна Никола Миленковиќ во 72 минута.
Фиорентина тешко доаѓаше до шанса за гол против цврстата екипа на Удинезе во чии редови од стартот играше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Македонецот постигна гол во првото полувреме при резултат 0:0, кој поота ВАР го поништи. Пред Несторвски да го постигне голот неговиот соиграч Опоку играше со рака. Несторовски беше заменет во 65 минута.
Решавачкиот момент се случи во 72 минута кога по корнерот што го изведе Пулгар, највисок во скокот беше Миленковиќ и со удар со глава го совлада Хуан Мусо.
Фиорентина по некомплетното седмо коло се искачи на петтото место, додека Удинезе останаа на 14 позиција во Серија А.