Уште една контроверзна одлука донесе ВАР во Премиер лигата. На мечот помеѓу Норич и Тотенхем видео-асистентот го поништи голот на Тему Пуки.
Финскиот репрезентативец во 35 минута ја зголеми предноста на Норич, меѓутоа голот потоа е поништен на сугестија од ВАР-собата.
На снимката не делува дека Пуки е во недозволена позиција, меѓутоа кога компјутерски беше повлечена црвената линија, судиите решија да го поништат голот.