Наполи против Сасуоло во 36 коло ја прекина серијата од три натпревари без победа во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Наполи настапи од 79 минута кога влезе на местото на Зјелински.
Наполи со „помош“ на ВАР успеа да слави со 2:0 над Сасуоло.
Во раната фаза од натпреварот, во осмата минута Наполи стигна до предност преку Хисај. Потоа ВАР на Сасусоло им поништи три гола, на Ѓуричиќ во 37, Капуто во 49 и Берарди во 63 минута.
Конечниот резултат го постави Алан во 95 минута.
Наполи сега има 59 бода и ќе остане на седмата позиција на табелата. Сасуоло се осми со 48 бода.