Top Sport

ВАР поништи два гола на Тотенхем, тие стигнаа до 6:1 победа! (видео)

Повторениот натпревар од осминафиналето на ФА купот против Рочдејл навивачите на Тотенхем ќе го паметат по многу работи – снегот на „Вембли“, хет-трикот на Фернандо Љоренте и секако двата контроверзно поништени голови преку видео-снимките (ВАР).

Мечот кој беше под закана за откажување поради лошите временски услови во Лондон, започна со два сомнително поништени голови за Тотенхем, прво тој на Ерик Ламела, а потоа и на Фернандо Љоренте.

Спарси, конечно, дојдоа во водство во 23. минута преку Сон Хеунг-Мин, за тој само пет минути подоцна да има шанса да го удвои водството, но утна од белата точка. Фрустрацијата на Тотенхем се зголеми кога Рочдејл израмни преку Хамфрис за на полувреме да се отиде со 1:1.

Неочекуван човек на одлука во второто полувреме беше Љоренте, кој од 47. до 59. минута постигна три голови за да обезбеди четврт-финале на Тотенхем. Сон во 65. минута додаде уште еден гол, петти за Спарси, пред во 94. минута од мечот, 20-годишниот Кајл Вокер-Питерс, десет минут по влегувањето во игра да го постави конечниот резултат. Апсолутно неверојатен снежен меч.

Scroll to Top