Top Sport

ВАР повторно шокира – Зошто е поништен голот на Бамфорд?

Во англиската Премиер лигата не може да се одигра ниту едно коло, а потоа да не се дебатира за примената на ВАР-технологијата.

Последната котроверзна ситуација се случи на натпреварот помеѓу Кристал Палас и Лидс јунајтед.

При резултат 1:0 за Кристал Палас, напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд постигна гол. Меѓутоа голот е поништен бидејќи пола од раката на Бамфорд е во офсајд. Бидејќи гол постигнат со рака не се важи, тогаш уште еднаш се доведува во прашање кредибилонста на ВАР.

Дел од англиските медиуми ова го нарекоа „најголемата кражба во историјата на ВАР“.

Scroll to Top