Top Sport

ВАР-системот влегува и во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА), донесе одлука за воведување на ВАР-системот од сезоната 2019/2020 во сите натпреварувања што се под нејзина јурисдикција. идео технологијата најпрвин ќе започне да се употребува во Лигата на шампионите.

Одлуката на УЕФА ја потврди првиот човек на оваа организација Алексадар Чеферин.

„Имаме доволно време за да имплементација на системот и обуката која треба да ја минат судиите. ВАР-системот се покажа како исклучително успешен“, рекол Чеферин.

ВАР-системот од наредната сезона ќе влезе во Лигата на шампионите, една сезона потоа ќе започне да се користи во Лига Европа, а од 2021 година ќе се користи и во Лигата на Нации.
Овој систем се користеше на Светското првенство во Русија, а се користи и во Бундеслигата, ла Лига, лига 1 и Серија А. Според најавите, од наредната сезона ќе се користи и во англиската Премиер лига.

Scroll to Top