Европската фудбалска унија (УЕФА), соопшти дека ВАР-технологијата ќе се користи во преостанатите натпревари, во квалификациите за Светското првенство во Катар.
Оваа одлука УЕФА ја изгласа, во јули, на седницата на Извршниот одбор, денес таа е објавена на официјалните страници на европската Куќа на фудбалот.
Квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар ќе продолжат во септември.
Македонија, во септември ќе одигра три натпревари, дома против Ерменија и Романија, на 2. и 8.септември и на гости против Исланд на 5.септември.