Top Sport

ВАР во употреба на натпреварите на Македонија против Финска и Азербејџан

Системот за видеопомош на судиите (т.н. ВАР-систем) ќе биде во функција на натпреварите на што фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги одигра против против Финска и Азербејџан во Белек, Турција.

Турскиот фудбалски сојуз го воведува ВАР-системот за натпреварите кои ги организира во националното првенство, а меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат оние на кои ќе игра македонската репрезентација.

На 23. март на „Глорија“ арена, Македонија за противник ќе ја има Финска, а четири дена подоцна на „Мардан“ арена, избраниците на Игор Ангеловски ќе се соочат со репрезентацијата на Азербејџан.

извор: ffm.mk

Scroll to Top