Top Sport

ВАР за „сиромашни“ – перуанскиот судија ги прегледуваше фотографиите од мечот (видео)

ВАР технологијата, која своето вистинско „огнено“ крштевање го имаше на Светското првенство во Русија има свои поддржувачи и свои противници, но таму каде што ја нема скапоцената технологија, судиите мораат да се снајдат на поинаков начин.

Во меч од Купот на Перу, помеѓу Аикута и Ретамос, по еден силен удар Аикута дојде до водство од 1:0, но судијата не беше целосно убеден дека топката помина низ скинатата мрежа, и реши да го консултира фотографот кој стоеше зад голот за да ги разгледа фотографиите. Снајди се како можеш.

Scroll to Top