Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари триумф од 2:1 против Воска Спорт во дербито на 10.коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Овој дуел предизвика големо внимание, а Вардар брзо обезбеди два гола предност.
Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18.минута, а само две минути подоцна Дарко Мицевски постигна прекрасен гол од далечина, за предност од 2:0.
Воска Спорт намали на 2:1 во 80.минута со голот од пенал на Изаир Емини.
На овој натпревар „Комитите“ направија одлична атмосфера.
Фото: Игор Паневски