Во вториот меѓусебен дуел во неколку дена, Шкупи успеа да го совлада Вардар со 2:0 за сериозно да им ги наруши шансите за одбрана на титулата на „црвено-црните“, откако Шкендија со 3:0 лесно го мина Пелистер и сега има 14 поени предност на табелата, иако има и два заостанати меча.
Муарем Бајрами го „начна“ Вардар во 62. минута, пред Кристијан Стојкоски да го реши победникот во 86. минута од мечот на тешкиот терен во Чаир за нов пораз на тимот на Чедомир Јаневски. Вардар има два заостанати дуели од шампионатот, против Работнички и Академија Пандев поради обврските во Лигата на Европа.
Шкендија со головите на Ибраими, Хасани и Зејнулаи го „скрши“ отпорот на Пелистер во второто полувреме за одличен финиш на есенската полусезона на тимот од Тетово.
Силекс беше подобар од Академија Пандев во Струмица за да се зацврсти на третото место на табелата, пред „Академците“, кои преку Балдовалиев имаа шанса за израмнување преку пенал, но тој го промаши голот.
ПМФЛ, 18 КОЛО
Академија Пандев – Силекс 0:1
Победа – Ренова 1:1
Работнички – Скопје 3:0
Шкендија – Пелистер 3:0
Шкупи – Вардар 2:0
Табела: 1.Шкендија 46, 2.Вардар 32, 3.Силекс 31, 4.Академија Пандев 25, 5.Работнички 23 , 6.Шкупи 23, 7.Победа 19, 8.Ренова 18, 9.Пелистер 16, 10.Скопје 10
Фото: ФК Вардар