Фудбалерите на Пелистер изборија место во полу-финалето на домашниот Куп. Пелистер во четврт-финалето, по изведувањето на пенали, го елиминира Вардар.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Во пенал серијата, за Пелистер голови постигнаа Јусуф, Бериша и Маневски, а промаши Вецевски. За Вардар погодија Петковски и Ристески, а потоа следуваа промашувањата на Глишиќ, Стојковски и Блажевски.
Претходно пласман во полу-финалето изборија Струга ТЛ, Македонија ЃП и Силекс.
Фото/facebook.com/FKVardarSkopje