Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не му издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезоната 2019/2020 на фудбалскиот клуб Вардар.
Лиценцата не била издадена бидејќи најтрофејниот македонски клуб не ги исполнувал редовно своите финансиски обврски.
Одлуката на Комисија за лиценцирање, Вардар ја обжалиле до Комисија за жалби за лиценцирање, а истата била одбиена.
„Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, стои во образложението на Комисијата за жалби за лиценцирање.
Покрај Вардар лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезоната 2019/2020 не добил и фудбалскиот клуб Победа од Прилеп.
Лиценца за учество добиле: Академија Пандев АД – Струмица, Беласица АД – Струмица, Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, Работнички АД – Скопје, Ренова АД – Скопје, Силекс АД – Кратово, Шкендија АД – Тетово, Шкупи 1927 АД – Скопје.
foto: fkvardar.mk/Денис Дуковски