Top Sport

Вардар со најсилниот тим ќе му се спротивстави на Шкупи

Фудбалскиот клуб Вардар за неделното дерби против Шкупи ќе може да смета на тројцата странци.

„ ФФМ официјално даде согласност за настап за нашите нови фудбалери.
Алберт, Матеус и Педрињо од денес му стојат на располагање на тренерот Бобан Грнчаров и уште во недела ќе имаат можност да настапат во црвено-црниот дрес“, објави клубот на социјалните мрежи.

Овие тројца фубалери немаа право на настап во првото коло и поразот од Брера Струмица (1:0).

Дербиот Вардар-Шкупи в недела се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари со почеток во 17 часот.

Scroll to Top