Top Sport

Вардар убедлив против Заглебје

Вардар стигна до убедлива победа од 3:0 над полскиот клуб Заглебје Лубин како дел од подготовките во Анталија, Турција, благодарение на головите на Блажевски, Фелипе и Барсегјан.

Интересно и возбудливо мина првото полувреме од натпреварот, со многу шанси на двете страни, со брзо темпо и со борба на средината на теренот. Водството на Вардар дојде во 40. минута. Беше досуден слободен удар од 25 метри. Фелипе се залета да го изведе, меѓутоа го проигра со петица Блажевски, кој што ја упати топката прецизно во долниот десен агол од голот на Заглебје.

Во 48. минута Вардар го зголеми водството. Фелипе ја имаше топката на средината на теренот, двојно проигра со Марковиќ и излезе сам пред голот, шутираше прецизно, топката од пречката заврши во мрежата на Заглебје.  Во 58. минута долга топка до Барсегјан на десната страна, го мина противничкиот играч, и шутираше прецизно во голот на Заглебје за водство од 3:0 на „црвено-црните“.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top