Top Sport

Вардарци ќе останат до крај во Анталија: Нема да го срамиме името на клубот

Фудбалерите на Вардар ќе ги одработат подготовките во Анталија, иако добија дозвола да го напуштат клубот. „Нема да го брукаме“ името на Вардар, порачале играчите откако сопственикот Сергеј Самсоненко ги известил дека повеќе нема да го финансира клубот, а на играчите им порача дека можат си бараат нови клубови.

„Ние играчите на ФК Вардар соочени со проблемите, решивме да ги одиграме последните два меча во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар и надевајќи се на позитивно решение за нашата иднина. Ова е официјално соопштение на сите играчи и стручниот штаб“, објави на „Фејсбук“ капитенот на Вардар Филип Гачевски.

Вардар од Турција се враќа на 4 февруари, во меѓувреме фудбалерите ќе одиграат контролни натпревари против Борац Бања Лука и Мура.

Scroll to Top