На снег и студ, Вардар го одработи единствениот официјален тренинг пред мечот со Зенит Санкт Петербург на стариот „Петровски“ стадион.
Тренингот го одработија сите фудбалери кои се на располагање на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски кој ги воигруваше последните техничко-тактчки варијанти пред утрешниот натпревар.
Натпреварот Зенит – Вардар, петти за Вардар во Лига Европа оваа сезона, се игра утре во 19 часот по македонско време.
Фото: ФК Вардар