Top Sport

Варди ја мина границата од 100 гола во Премиерлигата (Видео)

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди на натпреварот против Кристал Палас влезе во „Клубот 100“. Варди стана 29 играч во историјата на Премиерлигата кој ја минал границата од 100 гола.

Јубилејниот 100 гол во 206 натпревар Варди го постигна во 77 минута, а до крајот на натпреварот во 94 минута уште еднаш ја погоди целта.

Сезонава Варди има постигнато 21 гол во Премиерлигата.

На врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Премиерлигата е Алан Ширер со 260 гола, зад него е Вејн Руни со 208 гола, а потоа следуваат Енди кол (187) и Сергхио Агуеро (180).

Аргентинецот е најдобриот стрелец-странец во Премиерлигата, зад него се Тиери Анри (175) и Робин ван Перси (144).

Scroll to Top