Top Sport

Варди: Опстанокот на Лестер ќе биде поголемо достигнување од титулата во 2016

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди смета дека ако неговиот тим обезбеди опстанок во Премиерлигата оваа сезона ќе се работи за поголемо остварување од нивната славна титула во Премиерлигата во 2015/16.

Варди, кој постигна 24 гола во таа незаборавна сезона, признава дека клубот се наоѓа во незавидна позиција на 18. место во Премиерлигата, два под безбедната зона и само три меча до крајот на сезоната додека повеќе од конкурентите имаат уште четири меча.

„Мислам дека тоа ќе биде нашето најголемо достигнување. Толку е важно за нас. Навистина е тешко и немам доволно силен збор да опишам како се чувствувам. Со сите работи кои ги поминавме во тимот, никогаш не сакам да бидам во вава ситуција. Тоа ме боли на личен план и морам да го дадаам максимумот“, вели 36-годишниот Варди.

Тој имаше лоша форма оваа сезона и имаше серија од 19 меча без гол, пред да даде по еден гол во два последователни мечеви против Лидс и Евертон.

Scroll to Top