Џејми Варди бил блиску до откажување од желбата да биде професионален фудбалер и бил подготвен да работи како помошник за забави на Ибица пред управата на Лестер да го убеди да остане со нив, за на крајот да ја освои титулата од Премиер лигата и минатата сезона да стане најдобар стрелец во лигата.
Поранешниот фудбалер на Лестер, Бен Маршал вели дека во првата сезона со „лисиците“, кога Лестер играше во Чемпионшип, а тој дојде за милион фунти од Флитвуд таун, Варди бил разочаран од тоа што постигнал само пет гола.
„Доби понуда да оди на Ибица и да ги пречекува гостите и да ги услужува. Тоа му одговараше – сонце, забави, Ибица… Тренерите Крег Шекспир и Стив Волш и менаџерот Најџел Пирсон успеаја да го убедат да остане“, вели Маршал, кој сега игра во 12. лига со тимот Стоунклоу.
34-годишниот Варди минатата сезона постигна 23 гола за да ја освои „златната копачка“ во Англија, а оваа година не престанува со головите – има 13 гола и е најдобар стрелец.