Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, повеќе нема да настапува за англиската репрезентација. За својата одлука, напаѓачот веќе го известил селекторот, Герет Саутгејт, пишува „Гардијан“.
Варди, дресот на Англија го носел на 26 натпревари, но најчесто им беше резерва на конкурентите. Одлуката да се повелече ја донел веднаш по завршувањето на Светското првенство во Русија, каде Англија го освои четвртото место.
Варди, во јануари, ќе наполни 32 години, а на селекторот му рекол дека сака повеќе време да минува со своето семејство.