Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев признава дека неговиот клуб нема теорија да се натпреварува постојано со ривалите од Париз, ПСЖ, но се надева дека стадионот „Луј втори“ е вистинско место за најдобрите млади фудбалери на светот.
Монако изненадувачки стигна до титулата во Лига 1 во 2016/17, кога стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите, по што ПСЖ го купи Нејмар за 222 милиони евра и го зема нивниот Килијан Мбапе за 180 милиони евра. Иако Монако има руски спонзори со многу пари, Василјев не очекува постојана борба за трофеи.
„Ние сме првиот клуб зад ова чудовиште. Не можеме да ги споредуваме двата проекти. ПСЖ имаат буџет од 600 милиони евра и речиси неограничени ресурси. Нашите два директни ривали се двата Олимпик клуба, Лион и Марсеј и од нив сме подобри. Бевме шампиони и стигнавме до полуфиналето на ЛШ, а тоа не го направија ниту во ПСЖ“, вели Василјев.
Монако останува клуб со репутација на одлична академија, и Василјев вели дека тоа ќе остане главната цел. Мбапе веќе покажа колку вреди, додека минатата сезона младиот напаѓач Муса Сила доби шанса да игра и врати со два гола во последниот меч со кој тимот на Леонардо Жардим заврши на второто место во Франција.
„Тренинг-центарот е ДНК-та на овој клуб. Мораме да забележиме дека кога Франција стана светски шампион во 1998, четири фудбалери, Тјери Анри, Давид Трезеге, Лилијан Турам и Емануел Пети, дојдоа од Монако. Имаме традиција која мора да се почитува. Убаво е кога имате играчи како Сила, Жулиан Серано или Кевин Н’Дорам“, додава Василјев.