Лукас Васкез по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Универзалецот на Зинедин Зидан не постигнал договор со клубот околу продолжувањето на соработката.
Васкез на 1.јули ќе биде слободен играч. Најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, иако за него интерес има и кај Манчестер јунајтед и Челси.
Играчот кој во досегашната кариера играл само за Реал, добил понуда од Баерн која ги задоволила неговите амбиции. Баерн на Васкез му понудиле четири годишен договор и поголема плата од онаа што ја има во Реал.
30-годишниот фудбалер за Реал има одиграно 237 натпревари, постигнал 26 гола и забележал 53 асистенции.