Македонскиот фудбалски тренер Александар Васоски, кој го предводи тимот на Сараево, го загуби првото големо дерби во првенството на БиХ од градскиот ривал Железничар со 2-0.
Сараево на дуелот на „Грбавица“ остана со играч помалку поради исклучувањето на капитенот Амер Дуповац и тоа веројатно беше клучно за поразот.
Армин Хоџиќ во 31.минута го доведе Железничар во водство, а триумфот го потврди Ермин Зец во последните мигови од натпреварот. Велкоски и Аврамовски влегоа како резерви во составот на Сараево во текот на натпреварот.
Сараево по овој пораз се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 33 бода.