Еспањол ја победи Граннада со 2:0, во привот натпревар од 13.коло во Ла Лига. Еспањол победата ја обезбеди во првото полувреме.
Дуелот кој обилуваше со шанси и удари кон голманите, му припадна на Еспањол, благодарение на голманот Диего Лопез кој во второто полувреме блескаше на голот.
Адријан Педроса во 30.минута го постигна првиот гол, а само три минути подоцна предноста ја зголеми Раул Де Томас.
Во вториот дел Лопез не дозволи да биде совладан по ударите на Луис Суарез, Хорхе Молина и Херман Санчез.
Еспањол се деветти на табелата со 17 поени, Гранада е на 16.место со само 11 бода.