Фудбалерите на ВБА го шокираа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и на четири кола до крајот на Премиер лигата и теоретски му ја обезбедија титулата на Манчестер сити.
Херој на ВБА, беше поранешниот играч на Саутемптон и Ливерпул, Џеј Родригез. Напаѓачот на ВБА го матираше Де Хеа откако му „асистираше“ Матиќ.

ВБА ја забележа првата победа по 13 јануари и ги задржа теоретските шанси за опстанок во лигата. Тимот од Бирмингем е последен на табелата со девет бода помалку од првиот тим во безбедната зона.
Од друга страна Јунајтед остана на второто место со 16 бода помалку од лидерот и новиот шампион Манчестер сити и само еден повеќе од третопласираниот Ливерпул.