Вест Бромвич Албион во третото коло игра против Челси и по првиот дел има предност од 3:0. Френк Лампард на теренот истрча со ултра офанзивна формација (Вернер, Ејбрахам, Хаверц, Маунт) го смени и голманот, постави нов капитен (Тијаго Силва), а Кабаљеро брани на местото на Кепа.
Ниту офанзвната формација на Лампард не му ги реши проблемите во одбраната. ВБА од четири удари постигнаа три гола.
Во четвртата минута погреши Алонсо, им ја подари топката на противниците на 40 метри од својот гол, Переира го проигра Робинсон, а овој го совлада Каваљеро.
ВБА до 2:0 дојдоа во 25 минута стрелец повторно беше Робинсон. Напаѓачот на ВБА ја искористи почетничката грешка на капитенот Тијаго Силва.
Три минути подоцна ВБА добија корнер на втората статива го заборавија Фурлонг кој без мака го матираше Кабаљеро.