Top Sport

Вечерта кога Барса потпиша со Гризман, бордот дознал дека касата е празна!

Трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона вреден 120 милиони евра ќе остане запаметен како еден од најспектакуларните неуспеси на претходното водство на каталонскиот клуб, предводени од Жозеп Марија Бартомеу, а сега се откриваат и некои „позадински“ работи кои се случувале.

Генералниот директор на Барселона, Феран Ревертер открива нови информации за финансискиот аспект на договорот.

„Имаме чувство дека кога фудбалерите потпишуваа со Барселона, бордот не знаел дали може да си ги приушти. Ова дефинитивно беше случајот со Гризман, бидејќи вечерта кога потпишаа со него, тие дознаа дека немаат пари да го платат. Затоа веднаш беше побаран заем од 85 милиони евра да се покријат трошоците“, вели Ревертер.

Тој исто така додава дека Барселона платила повеќе од 180 милиони евра за Филипе Кутињо по трансферот од Ливерпул.

„Потписот на Филипе Кутињо има дополнителна финансиска обрска од 16.6 милиони евра“, додава Ревертер.

Scroll to Top