Top Sport

Вечерва ќе се знае судбината на Хулен Лопетеги

Реал Мадрид, вечерва, на итен состанок ќе ја решава судбината на тренерот Хулен Лопетеги, објави весникот „Ас“ повикувајќи се на свои извори.

Состанокот е закажан за во 19 часот, а весникот пишува дека Лопетеги ќе биде разрешен од функцијата и дека на неговото место ќе биде поставен Италијанецт, Антонио Конте.

Реал се наоѓа во голема криза, веќе има четири порази во првенството, а она што најмноги ги боли мадридистите е вчерашниот дебакл (5:1), во Барселона.

Иако вината за лошите резултати не е само кај тренерот Лоптеги, сепак тој ќе мора да ја напушти функцијата.

Реал не донесе ниту едно големо име во летниот преоден рок, односно не го надомести заминувањет на Кристијано Роналдо, човек што постигнуваше по 40 гола во една сезона.

По десет кола во Ла Лига, Реал има скор од четири победи, исто толку порази и две нерешени и со 14 бода се наоѓа на деветтото место на табелата.

Scroll to Top