Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вут Вегхорст призна дека му недостасува квалитет по 3:0 победата на Холандија над Гибралтар, откако не постигна гол во меч во кој „оранје“ има дури 51 удар на голот на противникот, кој покрај тоа од 51. минута играше и со 10 играчи.
Вегхорст беше одговорен за само четири од тие обидди на голот и успеа да го тестира голманот само еднаш и не бараше изговори по мечт.
„Имаше ситуации во кои бев блиску, но не до крај. Ова беше… Ѓубре. Немав среќа? Не знам дали е до среќата. На крајот, се работи за квалитет. Мораме да бидеме искрени. Можеш да кажеш дека немаш среќа, но како напаѓач знаеш дека мораш да даваш повеќе голови“, призна Вегхорст.
Руд Гулит, легендата на холандскиот фудбал се согласи.
„Секогаш бил чуден. Имам многу респект кон него, но во исто време си помислувам дека не е доволно добар ниту за Манчестер јунајтед, ниту за репрезентацијата. На вакви мечеви се гледаат недостаците“, изјави Гулит.