Поранешниот англиски капитен, Вејн Руни, беше задолжен за бојадисување на клупи во Меклсфилд, како дел од јавната работа која мора да ја заврши по казната за возење во алкохолизирана состојба.
Руни само 12 часа по поразот на Евертон од Челси во Лондон, беше во „акција“, качувајќи се на возот од Лондон до Ливерпул во 3.05 часот по полноќ, бидејќи во 9.30 часот мораше да се јави во центарот. За потсетување, напаѓачот на Евертон заработува околу 150.000 фунти неделно, а денеска му беше роденден.
Руни беше сопрен од полицијата со трипати поголемо ниво алкохол во крвта, и уште полошо, со девојка покрај него, иако тој е оженет и има три деца. Сопругата Колин со децата е на одмор на Карибите.
„Излезе од своето Ауди и изгледаше мизерно, но на крајот си ја заврши работата“, изјави еден од работниците во јавниот центар.