Top Sport

Вејн Руни отворено: Последните години во Јунајтед беа засрамувачки

Вејн Руни открива дека се чувствувал „засрамувачки“ во последните сезони во Манчестер јунајтед и дека немал избор да замине од клубот бидејќи едноставно не добивал доволно време.

Руни помина 13 години на „Олд Трафорд“ од 2004 до 2017, станувајќи рекорден стрелец на клубот, но си замина по сезоната 2016/17, прво во матичниот клуб Евертон, за оваа сезона да игра во американската МЛС лига во тимот на Ди Си јунајтед.

Руни, кој во четвртокот го одигра 120. меч за англиската репрезентација при 3:0 победата во пријателскиот меч со САД, открива дека знаел дека кариерата во Јунајтед му е завршена кога не сакал да го крене Лига купот во 2017, откако финалето го поминал на клупата.

„Постојат моменти во кои си полн со сомнежи и се прашуваш дали навистина си доволно добар. Кога Жозе Мурињо ме исклучи од тимот, сомнежите се вратија, но верував дека сум доволно добар без шанса да го покажам тоа. Влегов една минута во финалето на Лига Европа и требаше да влезам во последните минути против Саутемптон во финалето на Лига купот, и тие моменти беа навистина засрамувачки. Дојдов до момент во кој се срамотев и не знаев дека не можам да го продолжам тоа, колку и да ми е тешко да заминам од Ман јунајтед. По мечот со Саутемптон, Мурињо ми кажа: ’Сакам ти да го кренеш трофејот’, а јас воопшто не играв“, вели Руни.

Scroll to Top