Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Вејн Руни се подготвува за живот како фармер по крајот на фудбалската кариера, тврди британскиот „Дејли стар“.
Руни, кој настапува во американскиот Ди Си јунајтед, аплицирал за изградба на објект за паркирање трактор и чување на бали сено во својата луксузна куќа во Чешајр со надежи дека ќе стане фармер.
Во 2017 година, Руни изрази желба да стане фудбалски менаџер кога ќе заврши со фудбалот, така што можеби тракторот ќе му биде само хоби.
Wayne Rooney preparing for retirement as farmer https://t.co/LiCJhnMo3Z pic.twitter.com/1apVAB2PJF
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) February 24, 2019