Марко Ројс потпиша нов договор со Борусија Дортмунд, со која ќе остане во клубот до 2023 година, ставајќи крај на шпекулациите за можен трансфер во текот на летото.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека го продолживме договорот на Ројс“, изјави претседателот на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.
28-годишниот Ројс се приклучи на Дортмунд од Борусија Менхенгладбах во 2012 година во договор вреден 17 милиони евра и оттогаш во 194 натпревари постигна 94 гола. Тој неодамна се врати на теренот по долга пауза поради повреда, а бидејќи неговиот договор завршуваше на крајот на 2019 година, се веруваше дека во текот на летото тимот ќе се обиде да го продаде.
„Дортмунд е мојот дом, БВБ е мојот клуб. Од моето детство сонував да трчам во црно-жолтиот дрес и да играм а овој клуб. Со овој потпис сакам јасно да покажам каде е мојата иднина“, вели Ројс.
? Heute in Dortmund… pic.twitter.com/xqxJ8PMXqt
— Borussia Dortmund (@BVB) March 9, 2018