Top Sport

Вела е најкорисен играч во МЛС лигата

Фудбалерот на Лос Анџелес ФЦ, Карлос Вела, ја доби наградата за најкорисен играч во МЛС лигата. Вела ја растури конкуренцијата во гласањето за МВП добивајќи 69 отсто од гласовите.

Вела во 2019 година поставил рекорд според бројот на постигнати голови.Во регуларниот дел од сезоната тој постигнал 34 гола на 31 натпревар. Исто така тој е трет на листата на најдобри асистенти. Мексиканецот директно учествувал во 49 гола на својот тим, што исто така е нов рекорд.

Вела добил 69 отсто од гласовите, многу повеќе од Златан Ибрахимовиќ (Лос Анџелес Галакси) 14 отсто и Жосеф Мартинез (Атланта Јунајтед) 7 отсто.

Scroll to Top