Top Sport

„Велат дека Рој Кин бил опасен, а тој се плашаше од Фергусон“

Мајка Ричардс, поранешен англиски репрезентативец, во подкастот на Гери Линекер и Алан Ширер говорел за поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин.

„Гледав некои снимки на Рој Кин, видов дека се исплаши од Данкан Фергусон (поранешен напаѓач на Евертон и Шкотска). Јап Стам влезе во расправија со него, а Кин само се тргна од него. Веднаш се запрашав, колку си ти навистина опасен?“, рекол Ричардс.

„И јас би се тргнал на страна од Фергусон“, рекол Ширер, а Рочардс продолжил.

„Сите се плашеа од Данкан. Тој беше најопасен од сите, никој не сакаше да си има проблеми со Данкан Фергусон. Рој Кин ме разочара во таа ситуација, сите говореа дека е многу цврст, а се исплаши од Фергусон, не сакам да му ја уништам репутацијата, но…“.

 

Scroll to Top