Top Sport

Велкоски: Сакам нов гол на „Грбавица“ (видео)

Пред неделното големо дерби Железничар-Сараево, официјалниот веб-сајт на Сараево реши да направи интервју со стандардниот првотимец на „бордо“ тимот, македонскиот фудбалер Крсте Велкоски.

„Размислуваме само за натпреварот. Дербито секогаш е нешто посебно и се надевам на нова победа. Знаеме дека заостануваме во поени и ни е потребен добар резултат. Се надевам на добар резултат. Се сеќавам на постигнатиот гол на ’Грбавица’. Тоа е нешто посебно, но овојпат нема да биде најважно јас да сум стрелец, туку да се оствари добар резултат“, вели Велкоски.

Велкоски го посочува мечот од 2014 година, кога тој погоди да помогне Сараево да стигне до 1:2 победа над лутите ривали. Дербито на „Грбавица“ секогаш носи тензична атмосфера, но Велкоски не е оптоварен.

„Сигурно ќе има добра атмосфера, а нашите навивачи секогаш се импресивни кога играме на гости на ’Грбавица’. Без нив сме ништо. Се надевам дека ќе славиме заедно по натпреварот“, изјави Велкоски.

Scroll to Top