Top Sport

Велковски и Ријека го освоија Купот на Хрватска

Ријека вечерва го одбрани трофејот во Купот на Хрватска. Во финалето Ријека со 1:0 ја победи Локомотива. Дарко Велковски го одигра целиот натпревар за победничкиот тим.

Финалниот меч се одигра во Шибеник, а шестиот трофеј во Купот на Хрватска и го донесе Тибор Халиловиќ со голот во 74 минута.

Првото полувреме мина без вистинска игра и шанси, во второто Локомотива играше подобро, а голманот Пандур и дирекот спречија тимот од Загреб да дојде до предност.

Локомотива последната шаса ја имаше во 93 минута меѓутоа ударот на Јакиќ заврши во гредата.

Scroll to Top