Top Sport

Велковски на лето во Риека?

Хрватскиот шампион Риека откако го „растури“ тимот со кој лани стигна до историската прва титула во историјата и планира следната година да гради целосно нов тим, а лидер на тој тим треба да биде дефанзивецот на Вардар, Дарко Велковски, тврди хрватскиот портал „Индекс“.

22-годишниот Велковски би пристигнал на „Руевица“ во текот на летото како слободен играч и би потпишал четиригодишен договор со шампионот. Хрватите добро го запознаа Велковски откако тој му даде два гола на Динамо на „Максимир“.

Поради тренерот Матјаж Кек, Велковски наводно ги одбил понудите на Динамо и Хајдук, а во игра биле и тимови од Швајцарија и Белгија. Велковски беше еден од играчите на Македонија на Европското првенство за млади играчи.

Scroll to Top